Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Инцидент во пробиштипско: Маж со прострелна рана пренесен во Скопје

На 02.04.2026 околу 16:00 часот во ПС Пробиштип од Итната медицинска помош при ЈЗУ „Нада Михајлова“ во Пробиштип известиле дека кај нив е пријавено дека во семејниот дом В.Н. го пронашол својот син М.Н.(40) од с.Добрево, пробиштипско, со прострелна рана, соопшти МВР.

Извршен е увид и службени разговори со таткото и братот на повредениот, по чие кажување М.Н. истиот ден на мeсто викано „Чукар“, атар на с.Марчино, пробиштипско, самиот си нанел прострелна рана со ловечка пушка, додека го чистел оружјето. М.Н. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Од лице место е подигната ловечка пушка и патрони. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК

НЕСРЕЌА НА УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“: Малолетник со електричен тротинет удрил во триесет и двегодишна жена

ДЕСК

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

ДЕСК