Centar.mk
Uncategorized

Николовски: Царината успешно спречи обид за шверц на 5.200 штеки цигари – во фокус спречување нелегална трговија со тутун

Секторот за контрола и истраги при Царинската управа, успешно откри и спречи обид за шверц на 104 пакети цигари со вкупно 5.200 штеки цигари. Камионот кој бил пријавен како празен на излез од државата на граничен премин Ново село, е селектиран за детален царински преглед. Прегледот е извршен од инспектори од Одделението за оперативни работи кои имаат врвни откривачки оперативни капацитети. При деталниот преглед во полуприколката ладилник во предниот дел е откриен специјално конструиран бункер со преграда каде се откриени цигарите. Преземени се истражни дејствија од инспекторите од Одделението за истраги и поднесена е кривична пријава против возачот, српски државјанин. За случајот вчера на гостување во главниот Дневник на МРТВ говореше директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.

„Една од клучните обврски, нотирани и со извештајот на ЕК, на што сме во целост посветени е борбата со царински измами и спречување обиди за шверц на тутун и тутунски производи“, вели тој.

Директорот во интервју за МРТВ потенцира дека годинава заклучно со 30 ноември, Царинската управа по основ на увоз на тутун и тутунски производи наплатила 15,3 милијарди денари, што претставува раст од 10 % во однос на минатата година.

Во гостувањето директорот нагласи дека кумулативно, заклучно со 30 ноември, годинава се наплатени приходи од 1,95 милијарди евра, што е за 86,9 милиони евра повеќе од лани истиот период, што претставува раст од 4,7 %. Раст е забележан по сите основи: приходите од наплата на царина со раст од 15,1 проценти, од ДДВ при увоз 3,2 % раст, од ДМВ од 10,9 % и од акциза 4,6 %.

Високата наплата на приходи беше истакната и од страна на ЕК во последниот извештај за напредокот на државата.

Можеби ќе ве интересира

ЦРНА ГОРА ГИ ИЗГЛАСА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – Со 56 гласа воведена основа за проверка на интегритетот на министрите

ДЕСК

Стручната книга „Превентивна стоматологија“ ќе биде промовирана на Стоматолошкиот факултет

ДЕСК

Јубилеј што го истакнува придонесот на Силјан во вреднувањето, афирмацијата и зачувувањето на македонското книжевно наследство

ДЕСК