Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ДРАСТИЧНО СЕ МЕНУВА ВРЕМЕТО – Следува дожд, снег и температурна промена!

Денес, во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, наместа во источните делови пообилни (над 35 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег.

Во сабота на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.

Прогноза за 29.11.2025
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 11°C

Променливо облачно. На планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 30.11.2025
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 13°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 01.12.2025
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Променливо облачно и претежно тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +