Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Полицијата упадна во локал, приведени 13 жени

На 25.11.2025 во 01:30 часот, при контрола спроведена од полициски службеници од ОВР Гостивар во угостителски објект во село Добридол, гостиварско, биле затекнати 13 женски лица, од кои девет државјанки на Колумбија и четири македонски државјанки.

Поради злоупотреба на туристичкиот престој, странските државјанки – деветте жени од Колумбија – биле приведени, против нив се поднесени пријави, а од страна на Основен суд Гостивар им е изречена мерка забрана за влез во Република Северна Македонија во траење од една година, како и парична казна.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК