Centar.mk
БИЗНИС

Во септември 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата достигна 68.392 денари, додека нето платата е 45.466 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2025 година изнесува 68 392 денари, соопшти Државниот Завод за статистика.

Во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 9.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование за 15.1 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.8 % и Транспорт и складирање за 10.6 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Преработувачка индустрија за 3.6 %, Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 1.9 % и Рударство и вадење на камен за 1.0 %.

Во септември 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45 466 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2025 година, изнесува 45 466 денари.

Во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.9 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.6 % и Транспорт и складирање за 11.5 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Преработувачка индустрија за 3.5 %, Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 1.8 % и Рударство и вадење на камен за 1.1 %.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средба со Стопанската комора – Заедно со реалниот сектор ги констатираме актуелните состојби со цел навремено да реагираме

ДЕСК

Инженерството e темел на државата – Божиновска со силна порака на Денот на македонските инженери

ДЕСК

Прв унифициран национален ESG прашалник за компаниите започнува со примена

ДЕСК