Centar.mk
фотографија: Центар.мк
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

Под влијание на циклонска активност утре и во четврток ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (утре над 20 l/m², а во четврток над 30 l/m²).

Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд.

Утре и во сабота ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.

Прогноза за 02.04.2026
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Oблачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 03.04.2026
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 8°C до 13°C

Променливо облачно со повремени локални слаби врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 04.04.2026
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно со повремени сончеви интервали. Ќе дува засилен до силен севеозападен ветер.

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК