Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Медицинско возило нагло сопирело во центарот на Скопје – повредени две вработени, пациентот починал

На 19 ноември 2025 година, околу 12:01 часот, во СВР Скопје била пријавена сообраќајна ситуација на крстосницата меѓу улицата „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“. Медицинско возило од марката „рено трафик“, сопственост на приватна здравствена установа, нагло запрело при обид да избегне судир со друго возило, кое го напуштило местото на настанот.

При ненадејното сопирање, тешко била повредена 26-годишна докторка од истата установа, додека уште една вработена се здобила со телесни повреди. Двете биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде им биле констатирани повредите.

Во медицинското возило се превезувал и 89-годишен пациент со претходни здравствени проблеми. По пристигнувањето во болницата, лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција. Полицијата изврши увид и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ТРН признанија за храбрите и упорните гласови во 2025

ДЕСК

Временска слика што ретко се гледа во декември – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Објавил фотографија на социјалните мрежи – полицијата му затропа на врата оти промовирал и поттикнувал омраза и насилство

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.