Centar.mk
фото Општина Битола
ЛОКАЛНО

Младински политики по мерка на младите

На завршниот настан на проектот „Младите и менталното здравје“ во кој Општина Битола е партнер, а истиот се спроведуваше во соработка со битолските средни училишта и средношколските психолози, свое обраќање имаше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Тој го отвори настанот и ги поздрави младите кои беа учесници на овој завршен настан, што го организираше Здружението на граѓаните за унапредување на развојните процеси „Про локал“ Битола, во рамките на проектот „Младински политики по мерка на младите“.

Поздравни обраќања имаа и Емилиа Ѓероска претседателка на здружението и Марија Младеновска-Димитровска раководителка на проектот.

Панел дискусијатаа беше на тема „Младите и менталното здравје-што се случува во пракса“, а настанот беше збогатен со драматизација, рецитал, музичка изведба, споделување на искуства и изложба.

Градоначалникот на Битола ја повтори поддршката што Општина Битола ја дава на младите преку различни форми и содржини, а го истакна и значењето на Советот на младите кој како тело функционира во рамките на Општина Битола.

Општина Битола

фото Општина Битола

Можеби ќе ве интересира

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата заклучно до 05 Јуни 2026 година

ДЕСК

Кејот на Вардар кај Маџир Маало доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и дружење на граѓаните

ДЕСК

(ВИДЕО,ФОТО) ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО СЕ ВРАЌА: Водостојот повисок за речиси 1 метар

ДЕСК