Centar.mk
ЛОКАЛНО

Општина Битола распиша конкурс за избор на идејно урбанистичко – архитектонско решение за спортско рекреативна зона – АРМ – Битола

Основна цел на конкурсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги принципите на одржливост и избалансиран економски, социјален, еколошки, образовен и културен развој.

Конкурсот ги има следните специфичи цели:
– Да се добие урбанистичко-архитектоско и пејсажно решение кое е во контекст со околината и природните услови на самата локација, создавајќи естетска и функционала целина која ќе придонесе за идентитетскиот развој на градот во просторна и програмска смисла,
– Оптимално искористување на локацијата со минимална изградба која се вклопува во пејсажот, формирајќи еколошки, едукативи и рекреативни површини,
– „Зелен и паметен“ пристап во проектирањето,
– Етапност во изведувањето (почнувајќи од садење на вегетација и поставување на неопходната инфрастрктра, особено обрнувајќи внимание на одводнување на атмосферските води),
– Економичност, изводливост и одржливост на предложеното решение.

Право на учество на овој конкурс има секое заинтересирано правно или физичко лице (поединци или тим и со соработици) кои ги поседуваат стручните класификации согласно условите на конкурсот.
Краен рок за доставување на конкурсниот труд е 15.05.2026 год. до 12.00 часот. За трудовите пратени по пошта важи времето од поштенскиот печат.
Крајниот рок за објавување на резултатите од конкурсот е во рок од 10 дена од денот на завршување на истиот.

Повеќе информации на следниот линк:

Објава на конкурс за избор на идејно решение

Можеби ќе ве интересира

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт

ДЕСК