Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Голема несреќа во главниот град – повеќе лица завршија во болница!

На 18 ноември 2025 година, околу 15 часот, на крстосницата меѓу улиците „52“ и „49“ во населбата Стопански двор во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила од марката „мерцедес“, едно со германски национални ознаки и едно со скопски регистарски таблички.

Во несреќата тешко бил повреден сопатник од возилото со скопски таблички, додека повеќе други лица од истото возило се здобиле со телесни повреди. Телесни повреди им биле констатирани и на возачката на возилото со германски ознаки и на нејзиниот малолетен сопатник.

Повредените биле пренесени на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК