Centar.mk
СВЕТ

Иран собори американски дрон вреден приближно 30 милиони долари

Иранската армија денес објави дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле дрон MQ-9 во близина на Исфахан, во централниот дел на Иран, наведувајќи дека му припаѓал на американско-израелскиот „агресивен непријател“.

Службениците за односи со јавноста на иранската војска изјавија дека дронот бил пресретнат и уништен порано денес и дека тоа е 146-то беспилотно летало соборено од Иран, според соопштението, пренесува „Тасним“.

Дронот „MQ-9 Reaper“, кој се користи за надзор и напади, чини приближно 30 милиони долари.

Во американско-израелскиот напад врз градот Махалат во покраината Маркази, во централниот дел на Иран, 11 лица беа убиени, додека уште 15 беа повредени, објавија претходно иранските медиуми.

Три станбени единици во градот Махалат беа директно погодени од ракети во текот на ноќта, што предизвика голема материјална штета, пренесува „Тасним“.

Соединетите Американски Држави и Израел извршија напади низ Техеран и Исфахан, во централниот дел на Иран, пренесува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

40 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА ПОДОБРА ГРИЖА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ – Британија сака да спречи непотребни хоспитализации оваа зима

ДЕСК

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА ПОПАМЕТНО УПРАВУВАЊЕ СО ВОДАТА – Нов план за дигитални системи и мерни уреди

ДЕСК

ЗАТВОРЕН НЕЗАВИСНИОТ ВЕСНИК „НОВАЈА ГАЗЕТА“ ВО РУСИЈА – Британија и Финска со заедничка реакција

ДЕСК