Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Внатрешна контрола покрена постапка: Службеник запалил хартија во буре за отпад во кругот на полициска станица, огнот се проширил!

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против осомничениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК