Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ бара оставка од Љутков за хаосот во културата

-СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници без плата додека најавува распродажба на културното наследство под концесија, велат од СДСМ.

„Ова е дното, ова е институционалната негрижа за културата, за културните работници и за нашето културно наследство.

Сака ли ДПМНЕ македонските свети места да завршат во туѓи портфолија само за некој лично да профитира?

Ова ли е новото нормално со разнебитување на културата?

СДСМ е на страната на граѓаните и нема да дозволи разнебитување на културното наследство.

СДСМ бара:
– Оставка и политичка одговорност од Љутков за хаосот што го направи во културата.
– Повлекување на срамните изјави за приватизација на културното наследство
– Итна исплата на мартовската плата за сите културни работници.

Културата и културното наследство не се трговска роба. Културата, не е зделка. Археологијата не е парцела. Оваа земја има народ што памети – и што не заборава.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК