Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден

Соопштение на Агенција за храна и ветеринарство:

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбеднoст на храната и техничките услови во објектите. 4 од операторите не ги спровеле задолжителните здравствени прегледни на вработените или поседувале санитарни книшки со истечен рок на важност.

Пет од операторите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а кај осум, биле пронајдени несоодветно означени производи.

За утврдените недоследности кај различни категории оператори со храна, издадени се 44 решенија за нивно отстранување. За пуштање во промет на небезбедна храна и утврдени недоследности од поголем обем, изречени се и 30 парични казни во износ од 25 400 евра во денарска противвредност.

Нештетно се уништени 1 740 килограми небезбедна храна.

Можеби ќе ве интересира

ОДЛУКАТА СЕ БАРА ВО ВЕНЕЦИЈА – Владата побара меѓународно мислење за правосудниот испит

ДЕСК

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК