Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Црвен крст: Досега се собрани 43.149.360,00 денари

Црвениот крст на РСМ во текот на вчерашниот ден беше дел од организацијата на погребите на трагично загинатите лица од пожарот во Кочани. Беа ангажирани вкупно 165 волонтери кои дејствуваа како тимови за прва помош и психолошка поддршка, поставени пунктови и логистичка поддршка на сите места каде се извршени погребите, обезбедена погребална опрема и транспорт за починатите.

Свесни сме за ситуацијата и сочувствуваме со болката и тагата на погодените семејства, и остануваме посветени во обезбедување на поддршка на оние на кои им е најпотребна.

Црвениот крст на РСМ е во контакт со партнерските национални друштва од земјите каде се хоспитализирани повредените од пожарот каде им се обезбедува поддршка за семејствата на повредените. Особена поддршка е понудена од организациите на Црвен крст на Србија, Бугарија, Словенија и Грција.

Упатуваме голема благодарност до сите кои донираа и ве информираме дека сме во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за настраданите од пожарот во Кочани.

Досега се собрани 43.149.360,00 денари. Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите од пожарот во Кочани.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК