Centar.mk
фото Општина Гостивар
ЛОКАЛНО

Општина Гостивар доделува 1 милион денари за трагедијата во Кочани

По предлог на градоначалникот Валбон Лимани, Општина Гостивар денеска одобри финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за семејствата на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани.

Одлуката беше донесена на вонредна седница на Советот на Општината, која започна со едноминутно молчење во чест на 59-те животи загубени во трагичниот пожар на 16 март.

„Трагедијата во Кочани е голема рана, но и предизвик што нè упатува да бидеме пообединети. Му се заблагодарувам на Советот на Општината што го поддржа мојот предлог да се придонесе со 1 милион денари за семејствата на погодените. Нивната болка секој ден е во нашите срца…“ – нагласува Валбон Лимани.

Можеби ќе ве интересира

НОВА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СКОПЈЕ – Ѓорѓиевски повика на граѓанско учество

ДЕСК

МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО КУМАНОВО ЌЕ СЕ ПРЕНАМЕНИ – Нови здравствени услуги за пациентите

ДЕСК

ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ВО СРЕДА БЕЗ СТРУЈА – Објавени улиците и часовите на прекините

ДЕСК