Centar.mk
фото Centar.mk (c) 2024
МАКЕДОНИЈА

Орбан доаѓа во Охрид, в четврток и петок привремено ќе бидат затворени неколку улици

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата делегација на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки и активности.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ги известува сопствениците на патнички и други моторни возила дека е потребно да ги дислоцираат возилата од паркинг-местата на булеварот Туристичка и на улиците Коста Абраш, Цар Самуил и на кејот „Македонија“. На 26 и 27.9.2024 година (четврток и петок), на улиците Илинденска и Коста Абраш ќе биде забрането запирање и паркирање патнички и други моторни возила, а во текот на движењето на возилата во состав на делегациите привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево – Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе“, булеварите Туристичка и Македонски просветители, улиците Абас Емин и Кирил и Методиј, како и регионалниот пат Охрид – Св. Наум. На 27.9.2024 година безбедносните мерки во сообраќајот ќе бидат преземани и на подрачјето на Пештани и Љубаништа, известува СВР Охрид.

Од СВР Охрид апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници, кои на овие сообраќајници ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +