Centar.mk
БИЗНИС

Автоматизирани сефови од Халкбанк – единствени на пазарот што нудат сигурност и 24/7 достапност до нашите вредни работи

Халкбанк, почнувајќи од денеска, единствена на пазарот, воведе 24/7 достапни, Автоматизирани граѓански сефови со кои се менува начинот на кој традиционално се пристапува и ракува со класичните граѓански сефови. Имено, самата автоматизираност и роботизираност на системот овозможува дваесет и четири часовна употреба без присуство на физичко лице од страна на Банката.

Ова, во суштина значи дека кога и да ни треба да земеме или да оставиме нешто во нашиот сеф, тоа можеме да го направиме било кој ден и во било кое време, што е огромна предост во однос на класичните банкарски сефови кои се врзани за работно време на банките.

Деловниот простор наменет за автоматизираните граѓански сефови се состои од три главни простории и тоа: кабина за опслужување на корисник (самоуслужна станица), просторија наменета за техничко безбедносна опрема и сервисна просторија каде се сместени автоматизираните граѓански сефови.

Банката за своите сегашни и идни клиенти обезбеди 134 автоматизирани сефови кои се сместени во посебна просторија во зградата на Дирекција 2 на Банката (ул. Мајка Тереза број 1).

Можеби ќе ве интересира

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година

ДЕСК

ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

C +