Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Средба Муцунски – Дрекслер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, што претставува прва заедничка средба на двајцата соговорници по именувањето на министерот Муцунски на функцијата.

Муцунски изрази голема благодарност за безрезервната поддршка и посветеност на Германија на нашиот пат кон ЕУ, потенцирајќи дека новата Влада е силно фокусирана на европските интеграции и на спроведувањето на реформите.

Соговорниците разменија мислења и во однос на сојузништвото во рамки на НАТО, со посебен акцент на соработката во рамки на претстојниот Самит во Вашингтон. Воедно, беше оддадено признание за нашиот досегашен значаен придонес кон колективната безбедност, мир и просперитет на целата трансатлантска област.

На средбата беше искажано заемно задоволство од развојот на одличните билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат во изминатиот три-децениски период, со заложби за продлабочување на соработката во периодот што следи.

Можеби ќе ве интересира

Пуштен во сообраќај патниот правец Струга – “Ќафасан”

ДЕСК

ИТА ЦИКЛОН КОН МАКЕДОНИЈА: Снег ќе “трупа” низ повисоките населени места, студот попушта – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мирна новогодишна ноќ во Струмица

ДЕСК