Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тошковски: Нова полициска станица во oпштина Бутел, подобри услови за полициските службеници за поквалитетни услуги за граѓаните

Денеска (01.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со градоначалникот на oпштина Бутел Дарко Костовски.
„Како што ветивме пред граѓаните уште во техничкиот мандат, еден од приоритетите во делот на изградба на нови објекти е полициската станица во oпштина Бутел, објект кој е во најлоша состојба. Oд тие причини веднаш се почнува со средување на проектна документација и пренамена на средства со цел што поскоро да започне изградбата на станицата. Вработените во МВР заслужуваат да работат во нормални услови, што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на услугите кои ги даваат кон граѓаните и ултимативно, зголемување на безбедноста на граѓаните, што е наш приоритет“, потенцираше министерот Тошковски на средбата.

На средбата без разгледани и повеќе други аспекти на можна соработка на министерството за внатрешни работи со локалната самоуправа.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

ДЕСК

ИЗМАМА ВО ПРИЛЕП: Осуденик пријавил дека бил оштетен за 890.000 денари

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО КАРПОШ: Нарушен јавен ред и мир

ДЕСК