22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.СВЕТ

Стојковски: Дури и ако Трамп победи на изборите, нема да има драстична промена во надворешната политика на САД

Во интервју за Слободен Печат, извшрниот директор на Институтот Преспа, Андреја Стојковски се осврна и на состојбите во САД и пресудата за бившиот претседател и кандидат за следните избори Доналд Трамп.

„Пресудата против Доналд Трамп не е кончена и не е извршна, знам дека тој има право на жалба и во целиот демократски свет постои двостепенсот на судската постапка и нормално и на него треба да му се гарантира право на жалба. Во однос на изборите, дали САД ќе пристапат кон регулирање на Уставот поради ваквата состојба или пак тоа ќе го стори Врховниот суд, не можам да претпоставувам“ вели тој.

Стојковски не очекува промена на курсот на надворешната политика на САД.

„Од аспект на тоа колку ќе се променат политиките на Балканот, мислам дека нема многу заради тоа што политиките на САД кон Балканот се политики што почнаа уште во 2016 година, така што не мислам дека ќе има драстична промена. можеби ќе има промени во други региони, во други аспекти на надворешната политика. На крајот ќе циитирам една пријателка од САД која своевремено беше активна во нивната надворешна политика и која во 2017 година во една прилика ми рече „Надворешната политика на САД е носач на авиони не е фрегата и не може толку лесно да се заврти и да маневрира, потребен е долг и мрачен процес за да се направи сериозно свртување“ порача Стојковски.