На 18.11.2026 во 12:30 часот на ул. „Маршал Тито“ во Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод лишија од слобода 45-годишник од с. Пласница, Македонски Брод. При извршена контрола на товарно возило со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени дрва кои не одговарале на испратницата што ја имал. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.


