16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче ги покани против кандидатите на средба: Ние сме пред се пријатели, ова да биде натпревар на идеи

Заедничката цел на сите кандидати за претседател на СДСМ е посилен и подобар СДСМ и затоа верувам дека внатрепартиските избори ќе бидат натпревар на идеи.

Ова го истакна Венко Филипче, кој денеска официјално најави дека ќе поднесе кандидатура за челната позиција во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Ветувам дека ќе водам кампања со највисока почит кон моите противкандидати. Сите ние сме пред сѐ пријатели и колеги и имаме заедничка цел – посилен и подобар СДСМ. Ова мора да биде натпревар на идеи и визии, а не бојно поле на лични напади. Нашата заедничка цел е да го зајакнеме СДСМ и да им служиме на граѓаните, затоа мора да пристапиме со единство и меѓусебно почитување“, истакна Филипче во свое обраќање до сопартијците и симпатизерите на СДСМ и до граѓаните објавено на неговиот Фејсбук профил.

Во таа насока, Филипче упати покана до своите колеги кандидати за претседателската функција во СДСМ за средба на која ќе ги договорат правилата на фер и демократска кампања во која, како што наведува, на крајот сите ќе излезат и помудри и пообединети. Филипче упати повик и до членството и симпатизерите на СДСМ и до граѓаните:

„Ве поканувам да ми се придружите на ова патување за реформирање и зајакнување на СДСМ, за создавање партија која вистински ги застапува вредностите и потребите на нашите граѓани. Заедно, можеме да изградиме попросперитетна иднина за сите“.

Филипче, во својата објава наведува дека ќе понуди сеопфатен концепт и програма за обновување и реформирање на партијата по тешкиот пораз што го доживеа на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај.

„Во следниот период ќе се посветам на дискусии и средби со членови и поддржувачи на СДСМ, но и низа поединци, групи и организации кои може да придонесат заеднички да ги поставиме темелите на обновата. Сакам да ги слушнам сите размислувања и идеи кои ќе помогнат да го вратиме СДСМ на победничките патеки и гордоста на нашите членови. Заедно, ќе ја обликуваме иднината што ќе ја одразува нашата заедничка визија за Социјадемократскиот сојуз на Македонија“, напиша Филипче. Филипче ги покани против кандидатите на средба: Ние сме пред се пријатели, ова да биде натпревар на идеи

Заедничката цел на сите кандидати за претседател на СДСМ е посилен и подобар СДСМ и затоа верувам дека внатрепартиските избори ќе бидат натпревар на идеи.

Ова го истакна Венко Филипче, кој денеска официјално најави дека ќе поднесе кандидатура за челната позиција во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Ветувам дека ќе водам кампања со највисока почит кон моите противкандидати. Сите ние сме пред сѐ пријатели и колеги и имаме заедничка цел – посилен и подобар СДСМ. Ова мора да биде натпревар на идеи и визии, а не бојно поле на лични напади. Нашата заедничка цел е да го зајакнеме СДСМ и да им служиме на граѓаните, затоа мора да пристапиме со единство и меѓусебно почитување“, истакна Филипче во свое обраќање до сопартијците и симпатизерите на СДСМ и до граѓаните објавено на неговиот Фејсбук профил.

Во таа насока, Филипче упати покана до своите колеги кандидати за претседателската функција во СДСМ за средба на која ќе ги договорат правилата на фер и демократска кампања во која, како што наведува, на крајот сите ќе излезат и помудри и пообединети. Филипче упати повик и до членството и симпатизерите на СДСМ и до граѓаните:

„Ве поканувам да ми се придружите на ова патување за реформирање и зајакнување на СДСМ, за создавање партија која вистински ги застапува вредностите и потребите на нашите граѓани. Заедно, можеме да изградиме попросперитетна иднина за сите“.

Филипче, во својата објава наведува дека ќе понуди сеопфатен концепт и програма за обновување и реформирање на партијата по тешкиот пораз што го доживеа на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај.

„Во следниот период ќе се посветам на дискусии и средби со членови и поддржувачи на СДСМ, но и низа поединци, групи и организации кои може да придонесат заеднички да ги поставиме темелите на обновата. Сакам да ги слушнам сите размислувања и идеи кои ќе помогнат да го вратиме СДСМ на победничките патеки и гордоста на нашите членови. Заедно, ќе ја обликуваме иднината што ќе ја одразува нашата заедничка визија за Социјадемократскиот сојуз на Македонија“, напиша Филипче.