22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk (c) 2024
.МАКЕДОНИЈА

Стојковски: Граѓанското општество мора да продолжи да биде активно

Никогаш не е вистински момент и време граѓанското општество да молчи и да чекам, но во овој момент се наоѓаме во позиција каде се уште немаме избрана влада, немаме политики што се развиваат и се градат и можеби е прифатливо е да имаме еден период на стагнација и на чекање, порача Андреја Стојковски во интервју за Слободен печат.

„Сето тоа ќе треба да се промени по изборот на Владата, колку од страна на Владата, толку и од страна на граѓанското општество. Граѓанското општество ќе мора да продолжи да биде активно колку што било, можеби и повече но сепак зависи од начинот на кој се развиваат политиките и во која насока се носат истите, а Владата ќе мора да покаже слух за консултации и отвореност за граѓанското општество бидејќи инклузивноста на политиките значи и профаќање на политиките. Тоа не треба да се само формални, туку и суштински консултации и прифаќање на предлозите на граѓанското општество“ рече Стојковски.

Тој смета дека во граѓанските организации имаат капацитети што државата треба да ги искористи.

„Она што го тврдам целиот свој живот е дека во граѓанското општество имаме многу капацитети коишто вредат да бидат искористени, не како ангажирани по секоја цена, туку како слушнати како препознаени и прифатени нивни размилсувања во политиките што се кројат“ посочи Стојковски.