Centar.mk
илустративна фотографија
-МАКЕДОНИЈА

ОСУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Седуммина возеле под дејство на алкохол, еден со активна забрана

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, пет лица управувале возило под дејство на алкохол, и тоа: две лица на возраст од 18 години и едно на возраст од 24 години, сите од Скопје, 26-годишник од с. Батинци, скопско, и 40-годишник од с. Пршовце, општина Теарце.

Под дејство на алкохол управувале уште двајца возачи од Штип, на возраст од 40 и 44 години, од кои 44-годишникот предизвикал и сообраќајна незгода со телесни повреди. Со активна мерка забрана за управување, пак, возило управувал 39-годишник од с. Гошинце, липковско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД ВО УЧИЛИШЕН ТОАЛЕТ – Малолетник физички нападнат од неколку малолетници во Радишани

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО КАЗИНО ВО КРИВА ПАЛАНКА – 36-годишник доби кривична пријава за напад

ДЕСК

ГО ЗАБЕЛЕЖАЛА КАКО ОДЗЕМА ПРЕДМЕТИ, ПА БИЛА НАПАДНАТА – Инцидент во продавница во Скопје

ДЕСК