16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

20-годишник од Радовишко настрада по удар од гром

20-годишно момче од село Коџалија, радовишко синоќа почина по удар од гром, извести МВР.

Околу 20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во 19:30 на ливада на место викано Водовод во радовишко, од гром настрадал 20-годишниот Р.М., а со повреди се здобил 23-годишниот З.М., двајцата од Коџалево.

– Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од Радовиш, а другото лице е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР./Извор:Makfax