Centar.mk
stab, shtab
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

Интегрален текст од денешното соопштение на СДСМ:

Додека беше во опозиција, Христијан Мицкоски инсистираше дека техничката влада мора да остане сè до влезот на Македонија во Европската Унија.

Сега, со мнозинство на ВМРО-ОКГ и ЗНАМ, неговата тендер коалиција, Собранието изгласа укинувањето на техничката влада, која постоеше од 2016 година како единствен механизам за заштита од целосна узурпација на институциите и обезбедување барем минимално фер услови на изборите.

Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските и фер избори.

Сега е сосема јасно зошто толку брзаше да ја укине техничката влада – сака да владее без никаква контрола, без транспарентност и без никаква одговорност.

Граѓаните пред изборите нема да можат да дознаат сите детали за наместените тендери и малверзациите што оваа власт ги спроведуваше.

Нема да има контрола врз механизмите што ги злоупотребуваат.

Почитувани граѓани, следните избори ќе бидат клучни. Поправен испит нема да има.

Власта мора заедно да ја вратиме во рацете на народот.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК