Интегрален текст од денешното соопштение на СДСМ:
Заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски во телевизиска емисија изјави дека Заедничката историска комисија меѓу Македонија и Бугарија редовно одржува средби.
Како никој за ова не знаеше?
Како се состанува, цело време веќе две години, а тоа се крие од јавноста?
Што прават ако не договараат внесување на Бугарите во Уставот?
Христијан Мицкоски вчера повторно ветуваше дека „во јуни ќе ги реши сите реформски прашања“ и дека „наскоро од Брисел ќе стигне вест дека Македонија е рамо до рамо со Црна Гора“ по прашањето на европските интеграции.
Основното и клучно прашање кое Европа го бара од Македонија е внесување на малцинствата во Уставот, односно Бугарите. Европа е јасна: без тоа – нема напредок. Ова го повтори и Томас Вајц во своето последно интервју.
Ако Мицкоски сега вели дека „ќе ги реши сите реформски прашања во јуни“, тогаш е сосема јасно, ќе ги внесе Бугарите во Уставот.
Доказ за тоа е и фактот дека Историската комисија повторно се состанува, а никој од граѓаните за тоа не знае.
Кога комисијата работи, значи дека Мицкоски тивко се подготвува за она што јавно го негираше.
Останува само едно отворено прашање:
Дали Мицкоски повторно ќе клекне, овојпат пред своите гласачи, молејќи за прошка?
Списокот на неговите лаги станува се подолг.
Лажеше дека ќе го поништи Преспанскиот договор.
Лажеше дека ќе го врати името.
Сите ги нарекуваше „бугарофили“ и „предавници на македонскиот идентитет“.
Јавно велење дека „нема отстапување ниту милиметар“ и дека „Бугарите никогаш нема да влезат во Уставот додека тој е премиер“.
Сега, кога се подготвува да го стори токму тоа – дали е „мекотел“?
Дали е предавник?
Мицкоски за другите зборува се она што самиот е.
Граѓаните јасно гледаат: тој не води држава. Тој ја води својата криминална организација и се обидува да ги сокрие сопствените лаги.
СДСМ останува на ставот дека малцинствата треба да се внесат во Уставот и да се продолжи патот кон ЕУ.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!


