Centar.mk
СВЕТ

САД до европските сојузници: Очекувајте доцнење на испораките на оружје

САД ги предупредиле европските сојузници дека треба да очекуваат значителни доцнења во испораките на американско оружје, бидејќи војната против Иран ги исцрпува залихите, објави „Фајненшл тајмс“.

Предупредувањето се однесува на земји како Велика Британија, Полска, Литванија и Естонија, а според претходни информации, дел од веќе договорените испораки веројатно ќе бидат одложени.

Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент одобри продажба на воена опрема вредна повеќе од 8,6 милијарди долари за Израел, Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.

Администрацијата на Доналд Трамп ја одобри продажбата без редовна конгресна ревизија, повикувајќи се на итна состојба./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Итна евакуација на 40.000 луѓе во Калифорнија поради истекување на опасна хемикалија

C +

Трамп нема да присуствува на свадбата на својот син поради државни обврски

C +

СЗО прогласи меѓународна закана од ебола во Конго

C +