Centar.mk
СВЕТ

Германскиот министер по најавата за повлекување на американски трупи: Тоа беше очекувано

Откако САД најавија повлекување на 5.000 американски војници од Германија, германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, ги повика европските сојузници да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност.

Писториус изјави дека присуството на американските сили во Европа е „и во наш интерес и во интерес на Соединетите Држави“, но додаде дека било предвидливо Вашингтон да повлече дел од трупите од Европа, вклучително и од Германија.

Пентагон соопшти дека повлекувањето на војниците треба да биде завршено во следните шест до дванаесет месеци.

Германскиот министер истакна и дека земјата е „на добар пат“ во зајакнувањето на сопствените одбранбени капацитети, посочувајќи на проширување на Бундесверот, побрза набавка на опрема и изградба на нова инфраструктура./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ЈЕМЕН – Десетици загинати во воздушни напади во близина на Сана

ДЕСК

КРВАВ НАПАД ВО ПОЛСКА – Шестмина загинати и 15 повредени во пукање во Краков

ДЕСК

ИЗБОРНА ДРАМА ВО НОВ ЗЕЛАНД – Власта и опозицијата во тесна трка, помалите партии можат да одлучуваат

ДЕСК