22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Европа влезе во фаза на подготовка за војна со Русија“; Орбан предупредува: Ние сме на неколку сантиметри од уништување

Европа влезе во фаза на подготовки за војна со Русија бидејќи се повеќе е вовлечена во вооружениот конфликт во Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за радио „Кошут“.

Како што прецизираше, секоја недела гледа се повеќе знаци дека ЕУ и НАТО се подготвуваат за воена акција. Премиерот посочи дека „одењето во војна не се случува во еден чекор“.

„Има три фази: дискусија, подготовка и уништување. Сега ја завршуваме дискусијата и сме во фаза на подготовка. На неколку сантиметри сме од уништување“, рече тој.

Зборувајќи за нуклеарното оружје, Орбан претходно рече дека европските политичари имаат тенденција да размислуваат за нуклеарната бомба најмногу како „тактичко одвраќање“ наместо нешто што всушност треба да се користи.

Сепак, тој додаде дека проблемот е што никој за време на Втората светска војна не помислил дека Американците ќе користат нуклеарни бомби.

Орбан рече дека го смета разговорот за нуклеарно оружје за „лош знак“.

„Од фразата „мисија на НАТО во Украина“ ви се крева косата“, изјави унгарскиот премиер.

Орбан изјави и дека во Брисел залудно „кршат глава“ околу враќањето на задолжителниот воен рок во ЕУ, бидејќи Будимпешта нема да дозволи нејзини граѓани да бидат испратени да учествуваат во туѓа војна.

Тој нагласи дека Будимпешта се противи на одлуката, отслужувањето на воениот рок на унгарските граѓани да се носи „во Германија или Брисел“./Извор:Makfax