Centar.mk
СВЕТ

Трамп повлекува 5.000 американски војници од Германија

Американското Министерство за одбрана ќе повлече 5.000 американски војници од Германија, по ескалацијата на спорот меѓу Доналд Трамп и германскиот канцелар Фридрих Мерц околу војната со Иран.

Одлуката ја донел министерот за одбрана Пит Хегсет, а Пентагон соопшти дека повлекувањето треба да биде завршено во следните шест до дванаесет месеци.

Трамп деновиве јавно го нападна Мерц по неговите критики за американската стратегија кон Иран, а најави дека размислува и за повлекување американски сили од Италија и Шпанија.

Во Германија моментално се распоредени повеќе од 36.000 американски војници, што ја прави земјата најголема американска воена база во Европа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Британски воени лекари со падобрани стигнаа на изолиран остров поради сомнеж за хантавирус

C +

Независни руски медиуми: Во војната во Украина загинале околу 352.000 руски војници

C +

Иран подготвува нов закон за премин низ Ормутскиот теснец

C +