25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Европски фронт: Победнички глас не е залуден, започна битката за легитимитет

Европски фронт: Победнички глас не е залуден, започна битката за легитимитет

Интегрален текст од прес-конференцијата на ДУИ:

Почитувани медиуми, почитувани граѓани

Ние, лидерите на Европскиот фронт, сметаме дека нашата унија е одраз на духот на Охридскиот договор и претставува обединување за унапредување на еднаквоста меѓу заедниците и социјалната кохезија.

Нашата иницијатива за Европскиот фронт е поздравена и поддржана од граѓаните на земјата.

Како победничка коалиција на претседателските избори излезе Европскиот фронт со разлика од 40.000 гласови, додека на парламентарните со над 31.000 гласови и 6 пратеници.

Европскиот фронт доби 19 пратеници, а опозицијата 13 пратеници.

Европскиот фронт излезе како победник во 20 општини во кои живеат и гласаат Албанците и другите заедници, додека опозицијата во 8.

Европскиот фронт стана втора сила во земјата, што се случува за прв пат во историјата на земјата.

Овие резултати беа нарушени и продолжуваат да се прекршуваат преку изборен инженеринг во очите на целата јавност, домашна, регионална и меѓународна.

Исто така, Европскиот фронт и албанската опозиција, во месеците декември 2023 и јануари 2024 година, заеднички се договорија и потпишаа декларација за невлегување во владино партнерство без уставни промени и гаранција за европскоиот пат.

И покрај сите аргументи и резултати, дури и со пратеници, дури и со апсолутни бројки на гласови, дури и со победи во две третини од општините, поразените на изборите, без легитимитет на суверениот, потклекнаа целосно игнорирајќи ја волјата на народот, Охридскиот договор, легитимитетот и без никаква почит кон оние кои ги донесоа сите овие квалитативни промени во нашата држава.

Во овој контекст, граѓаните не прашуваат, кое е значењето на демократијата кај нас ако мнозинската заедница определува кој ги претставува Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите заедници?

Зошто овие заедници треба да се организираат во политички партии и да учествуваат на избори за да го добијат легитимитетот на нивните сонародници ако, без разлика на волјата на нашите заедници, најголемата македонска партија одлучува за нив според нивните преференции и претпочитања?

Овој начин на размислување, оваа вазално дејствување, нè враќа во времето пред повеќе од две децении кога заедниците беа дискриминирани, третирани како граѓани од втор ред и не се почитуваше волјата на демократскиот глас на заедниците, туку други одлучуваа наместо нас.

Драги пријатели, легитимитетот е столб на стабилноста, безбедноста, благосостојбата, еднаквоста.

Затоа, ние заедно ја започнуваме битката за почитување на духот на Охридскиот договор, кој се заснова на легитимноста и обичајното право на застапување од страна на оние кои го имаат легитимитетот на заедниците.

Кога се почитува духот на Охридскиот договор, општеството напредува и сите заедно сме еднакви граѓани.

Кога не се почитува духот на Охридскиот договор, се враќаме во други системи и времиња кои колективно сме ги напуштиле.

Затоа, непочитувањето на легитимитетот е понижување за Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите.

Ова понижување, за жал, го овозможуваат некои кои потпишаа заедничка изјава со нас, кои неколку пати јавно изјавија дека доколку загубат со еден глас и еден пратеник помалку, ќе се повлечат, но од ситни лични амбиции или други непознати причини пред пошироката јавност и со голема омраза кон нас, потклекнаа и овозможуваат воспоставување на етничка хегемонија.

Го започнуваме овој пат за да не дозволиме мајоризација која што го оптоварува соживотот и демократијата и ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во нашите напори да го заштитиме гласот, легитимитетот и духот на Охридскиот договор, но и на Договорите од Преспа и за добро-соседството за европската иднина.

Вашиот глас не смее да биде небитен и ние сме тука заедно да ја предводиме вашата победа и да ја спроведеме вашата победничка волја.

Ценевме дека овие прашања се надминати и се развивме како општество со взаемно почитување на волјата на едни со други за доброто на заедничкото општество.

На, очигледно е задача на нашата генерација, заедно да не дозволиме поништување на достигнувањата и да спречиме повторување на непочитување на политичката волја и легитимитет на суверенот.