22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Алтипармаков: Национализмот е проблематичен и застарен начин на гледање на работите

„Национализмот, за мене, е еден многу проблематичен и застарен начин на гледање на работите, кај нас па и во светот. Не се одвиваат работите на начин на којшто јас сум замислувал пред 15-20 години дека ние ќе бидеме дел од глобализирана културна и општествена сцена“ рече Јане Алтипармаков, филмски работник и режисер во интервју за Слободен печат.

Во однос на прашањето дали постои позитивен национализам, тема која се провлекуваше за време на изминатата изборна кампања, тој одговори во овој случај се работи за рационализација.

„Ако ги гледаме работите филозофски во смисла на терминологија, можеби во некоја смисла може да се говори за позитивен патриотизам, а за позитивен национализам јас лично сум скептик. Но, тоа многу се користеше кај нас па и во светот, го имаме Трамп и Путин. Некои луѓе коишто се склони кон автократија го користат тоа. Овој век е век на регресија а не век на прогрес како што гледавме на филмови и како што читавме во некои книги“ рече Алтипармаков.

Тој додаде дека некои луѓе се исплашени од тоа колку брзо се одвиваше прогресот за некои работи и сакаат да си се вратат во некоја комфорна зона, а таа комфорна зона многу често се обвиткува во некоја националистичка обланда.