25.8 C
Скопје
18. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлодира бомба во Пакистан, повеќе од 10 лица се повредени, има загинати

Едно лице загина, а 14 меѓу кои тројца војници се повредени во денешната експлозија на бомба во југозападен Пакистан, потврдија извори од пакистанската полиција.

Експлозијата се случила во областа Хернаи, која се наоѓа североисточно од градот Квета во провинцијата Белуџистан.

Џавед Домки, заменик-началник на областа Хернаи, рече дека бомбата експлодирала додека тим на Мари Петролеум вршел истражување на гасното поле.

Засега никој не ја презеде одговорноста за денешната експлозија, но американската агенција потсетува дека Белуџистан со години е сцена на бунт на сепаратистичките групи кои бараат независност од централната власт во Исламабад. Иако владата на Пакистан тврди дека го задушила бунтот, насилството во провинцијата Балуџистан не престанува.