23.8 C
Скопје
22. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Заев од Атина: Умерените демократи сме огромно мнозинство наспроти радикалите, да се обединиме

„Верувам дека сите ние, демократите, левицата, социјалдемократите, зелените, центристите, прогресивците – сите сме умерени, не радикални политичари. Ако се обединиме, ќе бидеме огромно мнозинство. Ние сме мнозинство споредено со радикалите“ рече поранешниот премиер Зоран Заев на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.

Тој додаде дека ја поддржува идејата за политичка соработка и коалиција помеѓу Европската народна партија, Партијата на европските социјалисти и Либералите, кои заедно имаат речиси двотретинско мнозиснтво во Европскиот Парламент.

„Луѓето од регионот, на Балканот, особено тие од Западен Балкан, живеат во регион кој се уште нема силни одбранбени механизми за да се заштити од влијанието на националистичките политички сили. Тие политички сили немаат визија да гледаат подалеку од националните граници и затоа користат национализам за да воспостават контрола врз општествата, од која после бенефит имаат само неколку луѓе“ рече Заев.

Тој додаде дека како премиер се обидел да ја надмиме таа ситуација и затоа решил да ги решава проблемите со соседите, како еден од главните приоритети.

„Повикав на заеднички напори за решавање на проблемите. Ги повикав лидерите да преземат одговорност и иницијатива, за да бидеме пример во решавање на отворените прашања“ рече Заев.