Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со дрога фатен полицаец од Охрид

На 29.03.2024 во 18.05 часот, во комплексот „Инекс“ во Охрид, лишен од слобода е А.М.(30) од Охрид, полициски службеник кој извршувал работни задачи како физичко обезбедување во комплексот. При претходно извршен преглед во неговата службена просторија, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една лажица и хартија со остатоци од бела прашкаста материја, како и едно пластично шише со непозната течност, соопшти МВР.

При претрес во неговиот автомобил, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГОТ ПРЕДИЗВИКА ХАОС НА ПАТИШТАТА ВО ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА – Превртено возило на Стража, забрани за камиони и отежнат сообраќај

ДЕСК

ДЕКЕМВРИ ПОЧНУВА СО ЛЕДЕН БРАН – Температурите во Македонија ќе се спуштат до минус 18 степени

ДЕСК

СО ДРОНОВИ ЌЕ СЕ БАРААТ КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА – Следната недела почнува спроведувањето на акцискиот план

ДЕСК