Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

241 санкционирани возачи во Скопје, 45 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 241 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти МВР.

Изречени се 17 мерки за користење мобилен телефон при возење, 29 санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч И ЛОКАЛЕН ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска температури до 21 степен, од сабота следува промена

ДЕСК

ВО САБОТА Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, еден од најпочитуваните небесни заштитници

ДЕСК

ПРОТЕСТ ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА ВО ОХРИД – Се бара одговорност од институциите и заштита за секоја жртва на насилство

ДЕСК