Американската Агенција за национална безбедност се соочува со сериозен технички проблем откако престанала да функционира доверлива комуникациска мрежа што ја користат вработените за размена на класифицирани информации. За прекинот извести Си-ен-ен, повикувајќи се на повеќе извори запознаени со состојбата.
Станува збор за системот NSA Net, кој претставува дел од внатрешната комуникациска инфраструктура на агенцијата. Прекинот создава оперативни тешкотии во комуникацијата меѓу службите, додека техничките екипи работат на утврдување на причините.
Според првичните информации, засега нема докази дека проблемот е резултат на сајбернапад. Не е официјално соопштено колкав дел од системот е погоден, ниту кога се очекува целосно враќање на функционалноста.


