Centar.mk
РЕГИОН

ЉУБЉАНА ТЕСТИРА ТРАМВАЈ БЕЗ ШИНИ – Новото возило собира 250 патници и чини повеќе од два милиони евра

Главниот град на Словенија започна тестирање необично возило за јавен превоз, кое по изглед наликува на трамвај, но се движи по обични улици без железнички шини. Новиот систем е базиран на електричен автобуски превоз со голем капацитет и засега се испробува без патници.

Возилото е произведено од кинеската компанија CRRC и може да превезува приближно 250 патници. Првото пробно возење било организирано на релацијата од населбата Шишка до центарот на Љубљана и назад, со полициска придружба.

Цената на едно возило надминува два милиони евра, а тестирањето е планирано да трае околу еден месец. За редовна употреба ќе бидат потребни и законски измени, бидејќи сегашните прописи ја ограничуваат должината на автобусите на 18 метри. Градските власти го разгледуваат воведувањето на ваков систем во следните неколку години.

Можеби ќе ве интересира

ДРАМА ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО БЕЛГРАД – Повредени десет деца, за три била потребна операција

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ПРЕД СОБРАНИЕТО НА СРБИЈА – Пратеничката Лидија Вукичевиќ полиена со јогурт

ДЕСК

НОВИ БРОЈКИ ЗА ГРЧКАТА ЕКОНОМИЈА – ЕУ прогнозира послаб раст и инфлација од 4,1 процент

ДЕСК