Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

Претрес во тетовско, пронајдено оружје и муниција, приведено едно лице

Вчера во 15.00 часот во с.Мала Речица, тетовско, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во содејство со полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А.(55) од с.Мала Речица, извести МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Берета“, револвер, повеќе куршуми со различен калибар и повеќе делови за пиштол и ловечка пушка. Додека, при претрес во неговото возило „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки биле пронајдени и одземени ловечка пушка, повеќе патрони со различен калибар и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ВД американската амбасадорка Варнс на средба со државниот јавен обвинител Савески

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Наместо да се реформираат, СДС и Филипче по насока на пропаднатиот ПР тим и преку фалименто соопштенијата, се фокусираат на избори и состојби во други држави

ДЕСК

СДСМ: Испративме писма до ЕУ по најавата за политики прогон на Мицкоски

ДЕСК