Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Нашата борба е да влеземе во категорија на наредни членки при првото отварање на портата за нови членки во ЕУ

„Нашата борба е да влеземе во категорија на наредни членки при првото отварање на портата за нови членки во ЕУ. Безмислосно ќе тече текот на работите. Нема никој ниту да не моли, ниту да не притиска ниту да бара од нас којзнае што. Веќе се утврдени правилата. Преговарачката рамка е таа. Најтешките одлуки веќе се донесени во смисла на уставните промени и идентитетски прашања. Но, дали вреди само затоа што одредена политичка структура смета дека не треба на досегашните 6-7 заедници да имаме уште 4-5 заедници меѓу кои и бугарите во уставот, со што конечно ќе ја затвориме онаа теза која дел од бугарската политичка сцена ја пласира дека сме еден народ во две држави“ да се блокираме себеси“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека не треба да заглавиме во 2019, мораме да одиме напред и дека денеска условите се такви какви што се.

„Немаме многу бенефит ако плачеме над нашата неправедна и тешка судбина. Треба да ги учиме лекциите. Ние направивме се од 2019 година наваму во смисла на реформите имаме перфектно портфолио. Ако се сеќавате тоа беше годината кога консензуално се донесе закон за ОТА со гласање на сите политички партии. Тоа беше годината кога се смени законот за судски совет и судови со двотретинско гласање и плус имавме имплементиран Преспански договор.Имавме идеална ситуација за почеток на преговорите. Франција реши дека треба да се прави нова методологија“, потенцираше Маричиќ.

Тој заклучи дека во интерес на сите е не треба да стоиме во место туку да трчаме кон целта – членство во Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК