18.8 C
Скопје
3. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Ја избоде жената и не застана“: Во Германија убиена мајка на две деца

Анка (39) е убиена во вторникот околу 22 часот во Хелен кај Холцминден во Долна Саксонија. Нејзиниот поранешен партнер, Романецот Константин Ф. (41) е осомничен дека ја избодел неколку пати.

Мајка на две деца на возраст од 20 и 13 години се враќала дома од фабриката за преработка на кожа каде што работела. Константин Ф. ја пречекал на улица и ладнокрвно ја убил, а потоа побегнал.

Мажот е уапсен во четвртокот. Сведок повикал полиција кога го видела во Хелен. При апсењето не пружал отпор.

Германскиот Билд ја пренесува изјавата на сведок кој слушнал ужасен крик и истрчал до прозорецот од својот стан и видел ужасна глетка.