Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: Од нас сите зависи, не само како ќе си го зачуваме јазикот, туку колку ќе вложиме во таа кауза

“Блаже Конески рекол дека од нас зависи како ќе си го зачуваме јазикот и како ќе го негуваме. Јас би додала, од нас сите зависи, не само како ќе си го зачуваме јазикот, туку колку ќе вложиме во таа кауза и колку ние ќе дозволиме на државата да се движи напред, по патот на сите држави кои денес се полноправни членки на Европската Унија, за да можеме да ја донесеме Европа дома” рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на трибината „ЕУ за македонското културно наследство“.

Таа додаде дека мисија на ЕУ е да ги заштитува и да ги промовира културните специфичности на секоја држава без да се негираат националните култури и идентитети.

“Европската Унија го поддржува и го поттикнува зачувувањето на македонскиот културен идентитет, а за тоа се доказ европските средства вложени преку многубројните програми за реставрација на значајни културно-историски споменици низ државава” рече Костадиновска-Стојчевска.
Министерката рече дека македонската култура е европска и е додадена вредност на богатството и културната разновидност на заедничкото европско наследство.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – нашата борба можеби е тешка, но е праведна

ДЕСК

Драстични промени со времето, прво дождови, па значително зголемување на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК