Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Македонскиот јазик е наследство за идните генерации, должни сме да го заштитиме

“Македонскиот јазик е наследство за идните генерации кое како тестамент го остави токму Конески, за да го користиме, негуваме и почитуваме. Како што и самиот тој го користеше во своето богато творештво и остава трајни вредности во македонската наука и култура во своите вонвременски дела” рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината “ЕУ за македонското културно наследство“.
Тој додаде дека ние сме должни да го заштитиме ова наследносто и да го чуваме аманетот на Конески.

“Македонскиот јазик е словенски и европски, со сета негова посебност, а ние сме горди Македонци на тоа и на наследството што ни го остави џинот од Небрегово – кодификаторот на македонскиот јазик Блаже Конески” рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека резултатите од поддршката на ЕУ за културните проекти е видлива на секој чекор ширум нашата земја.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +