22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Одземените рударски концесии можат да го чинат секој Македонец по 2.000 евра

Речиси 1,5 милијарди евра изнесува отшетатта што државата би требало да ја плати доколку се изгубат споровите во меѓународна арбитража покренати од повеќе компании поради нереализирани инвестиции во земјава.

Во најголем дел од отворените постапки причина за поведување на арбитражна постапка е непочитување на обврските ком компании од рударската индустрија.

Меѓу активните случаи на меѓународна арбитража се за концесии за рудниците „Казандол“, „Саса“ и „Златово и Тораница“. А, меѓународна арбитража би можела да поведе и компанијата „Еуромакс Рисорсес“, која има концесија за изградба на рудник за бакар во Иловица. Вкупната сума на активните и потенцијалните арбитражни постапки во кои е тужена државава изнесува 2,5 милијарди евра. Оваа сума која доколку се изгуват споровите е речиси половина од македонскиот државен буџет, што за 2023 година изнесува 5,3 милијарди евра.

А, според математиките ова би значело дека секој македонски граѓанин би бил задолжен за дополнителни 2.000 евра, доколку се изгубат овие спорови и државата би требало да ја исплати оваа огромна сума кон компаниите на кои им се одземени концесии за ископување минерални суровини.