16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Следува неработен ден, објавена е цела листа на празници – Еве кога ќе одмараме

Следниот неработен ден е втори август – Денот на Илинденското востание кој исто така се паѓа во среда и е неработен ден за целата држава.

Листата на останати неработни денови ви ја пренесуваме во целост

За сите граѓани на РСМ

2 август (среда), Ден на Републиката, како и 8 септември (петок), Ден на независноста, потоа следува 11 октомври (среда), Ден на народното востание, за на крај да бидат 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба и 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед неработен ќе биде и 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед 1 ноември (среда), Празникот на сите светци, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

• 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

• 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.