Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Целта на скринигот не е да имаме розеви извештаи, туку да видиме што треба да се направи

„Целта на скринингот не е ние да имаме розеви извештаи, туку целта е таму каде што имаме напредок да се валоризира, да се вреднува, а таму каде што има недостатоци да бидат изложени. Тие недостатоци треба да ги преточиме во репери, критериуми, бенчмаркови што ги викаат во Брисел, коишто треба да ги решиме до крајот на процесот“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за ТВ21.

Тој додаде дека нашата идеја е да добиеме реална слика, да бидеме пофалени каде што има напредок, а каде што има проблем, тие проблеми да бидат преточени во услови кои треба да ги исполниме за члнество.

„Нашите информации велат дека веќе се подготвуваат скрининг извештаите за два кластери. Тоа е за првиот кластер Темелни вредности и за вториот кластер Внатрешен пазар. Очекуваме во текот на оваа година тие да бидат презентирани. Најпрво да бидат консултирани со нас, а потоа презентирани пред Советот на министрите на ЕУ, каде што ќе бидат усвоени, по правила на нештата треба да бидат усвоени и да бидеме повикани и да ги доставиме овие патокази коишто ги побараа“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека идејата на тие патокази и сите документи е да се направи временска рамка за следните 6-7 години за реформите.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК