Во Скопје утре, 4 октомври, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржувањето на Скопскиот маратон. Стартот на трките е предвиден во утринските часови, а трасата минува низ повеќе централни и поголеми градски сообраќајници.
МВР најавува пренасочување на возилата додека трае манифестацијата и апелира возачите да ги почитуваат наредбите на полициските службеници. За граѓаните кои утре планираат движење низ центарот и поширокото градско подрачје, се препорачува навремено планирање алтернативна маршрута.


