Centar.mk
фото МВР
МАКЕДОНИЈА

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ЌЕ ПРЕПОЗНАВА И ВОЗЕЊЕ БЕЗ КАЦИГА: МВР најавува проширување на системот со вештачка интелигенција

Системот „Безбеден град“ во следната фаза треба автоматски да препознава и случаи кога мотоциклист вози без заштитна кацига, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Според МВР, системот веќе може да регистрира прекршоци направени од мотоциклисти, а дополнителните AI-функции треба да овозможат санкционирање и за неносење кацига.

Министерството објави и нови податоци според кои во првите девет месеци од годинава во сообраќајот загинале 33 лица помалку во споредба со истиот период лани, што МВР го пресметува како намалување од околу 30 проценти. Бројот на повредени, според истите податоци, е понизок за околу 19 проценти.